Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) оваа недела организираше отворени денови за невладините организации на заедниците.

Во просториите на АОПЗ беа одржани средби со невладините организации на Ромите, Турците, Србите, Бошњаците, Власите, како и средби со невладините организации на заедниците кои не се споманти во преамбулата на Уставот на Р. Северна Македонија, како што се невладините организации на Црногорците, Хрватите, Египќаните, Словенците, Украинците и други заедници.

На средбите АОПЗ на невладините организации им ги престави активностите кои следуваат во наредниот период. Посебен акцент беше ставен на престојниот попис на населението, кој е посебно важен за помалубројните заедници.

Критичките невладини организации на помалубројните заедници се вистински партнер на АОПЗ во подобрување на статусот на заедниците во државата.