Kако дел од одбележувањето на 15 години од Партиципативниот форум, организиравме панел-дискусија на тема:
„15 години Партиципативен форум – предизвици, придобивки, перспективи“.
На панелот учество земаа:
Симонида Кацарска, директорка на Европскиот институт,
Јасминка Перчинкова, претставничка на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието на РСМ,
Владимир Стојановиќ, државен секретар во Министерството за односи меѓу заедниците.
Заедно дискутиравме за значењето и улогата на Партиципативниот форум во изминатата деценија и половина, особено во делот на:
➡️ унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците,
➡️ подобрување на дијалогот меѓу институциите и заедниците,
➡️ промовирање на меѓуетничката соработка и општествената интеграција.



