Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје отпочна со организација на партиципативни форуми кои ќе се организираат 4 пати годишно. Целта на партиципативните форуми е зајакнување на соработката меѓу органите на државна управа и заедниците, заеднички разгледување на прашањата од интерес на заедниците, изготвување на препораки, законски и други предлози на текстови, овозможување на давањена мислења во врска со предложените владини политики кои можат посредно или непосредно да влијаат врз оставрувањето на правата на заедниците. Првиот конститутивен партиципативен форум се одржа во Скопје, хотел ″Арка″ на 14 Декември 2011 година.

pic5
pic6