На 11.05.2022 заедно со ОБСЕ, во хотел Арка во Скопје, организиравме ПАРТИЦИПАТИВЕН ФОРУМ на тема Резултатите од пописот од 2021 и неговите влијанија врз помалубројните заедници и општествената кохезија.

Партиципативниот форум кој има нов состав беше отворен со поздравно обраќање на директорот на АОПЗ г-дин Еран Куртиш и Заменик Министерот за Политички систем и односи меѓу заедниците г-динот Џабир Доко. Би сакале да искажеме голема благодарност до г-дин Јован Сапунџиоски од Државниот завод за статистика, исто така и на професорките од Институтот за географија проф. д-р Биљана Апостоловска-Тошевска и доц. д-р Марија Љакоска за професионалните излагања кои ни презентираа одлични презентации за миграциите во нашата држава.