АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Партиципативниот форум во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, со поддршка од Европската унија, Советот на Европа и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Партиципативниот форум во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, со поддршка од Европската унија, Советот на Европа и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На форумот се обрати Директорот на Аопз Г-дин Далибор Китановиќ Амбасадорот на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, г. Михаил Рокас.
Форумот беше посветен на Акцискиот план за унапредување на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, при што беа отворени значајни прашања и беа изнесени конструктивни предлози и идеи насочени кон негово дополнително унапредување, со цел подобрување на состојбата на помалубројните заедници.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците останува посветена на континуиран дијалог и партнерска соработка со сите релевантни чинители, како клучен предуслов за унапредување на правата на сите заедници и за приближување на државата кон Европската унија.