АОПЗ ја посети Општина Штип, каде што оствари средби со Градоначалникот и претставници на граѓанскиот сектор.
Состанок со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов помина во позитивна и конструктивна атмосфера. Градоначалникот изрази подготвеност да се заложи за решавање на прашањата што ги засегаат заедниците, нагласувајќи дека општината ќе биде отворена за соработка во оваа насока.
Потоа, беше одржан работен состанок со советници и со претставници на неколку невладини организации од помалите етнички заедници. На состанокот се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат заедниците, при што беа разгледани можни решенија за нивно надминување.
Оваа посета претставува значаен чекор во насока на унапредување на соработката помеѓу институциите, граѓанскиот сектор и заедниците во Општина Штип.

