Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) денес се потпишаа договорите со 15 здруженија за поддршка на нивните проекти, кои се во интерес на помалубројните заедници.

Врз основа на резултатите од  повикот за поддршка на проекти на здруженија и фондации, Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) денеска потпиша договори со следните здруженија:

  1. Легис – Скопје
  2. Српски културен центар – Скопје
  3. Здружение за култура, заеднички вредности и одржлив развој – ДИВАН
  4. Центар за ромска заедница ДРОМ – Куманово
  5. Здружение на граѓани за млади, демократија и човекови права – УФУК
  6. Српска заедница во Македонија
  7. ДИВАНХАНА – Здружение за афирмација на бошњачката жена
  8. Културно, образовно и хуманитарно здружение –ЧИНАР ТУРК
  9. Здружение на права и хуманост – ИНТЕГРА НАУ
  10. Здружение на стопанственици Власи од Македонија – МАНДРА
  11. Заедница на Хрвати во РСМ – ЗХРМ –Скопје
  12. Здружение на Унгарците во Македонија – ТЕЛЕДОМ
  13. Младинска Алијанса – Тетово
  14. Влашко културно уметничко друштво Питу Гули –Скопје
  15. Ромски младински центар – Метаморфоза

Поддржаните проекти ќе бидат реализирани до крајот на 2021-та година. Агенцијата за остварување на правата на заедниците и понатаму ќе продолжи да соработува и да ги поддржува невладините организации, со проекти и активности важни за помалубројните заедници.

19.04.2021год.

Скопје.