АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Потпишан Колективниот договор за вработените во АОПЗ

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците денеска го потпиша Колективниот договор за вработените во АОПЗ, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот и правата на вработените во институцијата.

Со потпишувањето на Колективниот договор се обезбедуваат поповолни услови за работа, се зајакнуваат работничките права и се унапредува социјалниот дијалог, надминувајќи ги досегашните законски решенија во јавниот сектор.

Договорот предвидува зголемување на платите на административните службеници кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 година.

АОПЗ останува посветена на создавање професионална, мотивирана и стабилна институционална средина, која ќе овозможи поквалитетно и поефикасно остварување на правата на сите заедници.