Директорот Илхан Рахман во име на АОПЗ го потпиша меморандумот за разбирање меѓу АОПЗ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Со меморандумот се предвидуваат заеднички активности на АОПЗ и ОБСЕ во 2018, 2019 и 2020 година.

 

Меморандумот за разбирање е резултат на обновената соработка помеѓу АОПЗ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и успешните заеднички активности организирани од септември до декември во 2017 година. Заменик- директорот Џелал Хоџиќ ја предводеше работната група на АОПЗ, која ја обнови соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и која работеше на текстот на меморандумот.

 

Меморандумот за 2018 година меѓу другото предвидува заедничка работа на измени и дополнувања на законот по кој работи АОПЗ, четири тематски партиципативни форуми поврзани со остварување на правата на заедниците, организирање на две обуки за невладините организации кои работат на правата на заедниците, соработка со Комисиите за односи помеѓу заедниците во дел од општините.