Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје вчера го организира третиот за ова година Партиципативен форум. Тема на овој форум, кој се одржа во Хотелот Арка, во Скопје, беше: Правата на помалубројните заедници и Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам.

Форумот го отвори заменик-директорот на АОПЗ, г-дин Џелал Хоџиќ, кој воедно беше и модератор на целиот настан. Воведни обраќања имаа г-дин Џабир Доко, заменик министер во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците,  г-дин Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, воедно и преставник на Влада на Република Северна Македонија, како и г-ѓа Катарина Живковиќ, национална програмска офицерка, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Пред дискусијата свои презентации имаа г-дин Роберт Алаѓозовски, Билјана Трајковска, државна советничка за стратешко планирање и економски анализи, Министерство за образование и наука – замениккоординаторка за кластер образование, како и Антонио Павловски, посебен советник на министерката, Министерство за култура.

На вчерашниот форум се дискутираше за важноста на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам. После дискусијата усвоини се препораки кои треба да станат дел во следниот Акциски план на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, за периодт 2023-2025 година.

Целта на Форумот како неформален и консултативен механизам  е зајакнување на соработката помеѓу органите на државна управа и заедниците, заедничко разгледување на прашања од интерес на заедниците, изготвување на препораки, релевантни предлози, законски и други предлози на текстови и  давање мислења во врска со предложените владини политики кои можат посредно или непосредно да влијаат врз остварувањето на правата на заедниците. Исто така  Партиципативниот форум  овозможува директна комуникација, дијалог  и соработка на заедниците со надлежните органи и институции.

Скопје,

14.10.2022