Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците денес се одржа работна средба со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа политичкиот советник г. Ендру Ковтун и економскиот советник г-ѓа Розита Мреношки, кои разговараа со директорот на Агенцијата, г. Далибор Китановиќ.
Во фокусот на разговорите беа положбата и предизвиците со кои се соочуваат помалубројните заедници во Република Северна Македонија, како и можностите за понатамошно унапредување на нивните права преку зајакната институционална соработка и размена на искуства.
Посебен акцент беше ставен на продлабочувањето на партнерството помеѓу Агенцијата и Амбасадата на САД преку заеднички иницијативи и активности насочени кон унапредување на еднаквоста, инклузивноста и општествената кохезија во мултикултурното општество.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја изразува својата благодарност до г. Ендру Ковтун, г-ѓа Розита Мреношки и Амбасадата на Соединетите Американски Држави за конструктивната и плодна средба, покажаниот интерес и подготвеноста за натамошна соработка во насока на унапредување на правата и можностите на помалубројните заедници во Република Северна Македонија.

