Агенцијата за остварување на правата на заедниците во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“ кој е подржан и финансиран од страна на Европската унија, оргнизираше односно изврши теренско истражување. Истражувањето беше спроведено со  собирање на информации преку десиминација на прашалник подготвен од страна на проектниот тим и персоналот на АОПЗ. Истражувањето беше поделено во тематски области соодветно посветени на:

  • јазикот на заедниците;
  • еднаквиот третман;
  • застепеноста на заедниците во јавните институции;
  • културата и идентитетот на заеднците;
  • медиумите;
  • НВО сектор
  • национални симболи;
  • дуовни и религоозни потреби.

Како резултат на истражувањето е изработена соодветна публикација, во која што темелно и детално се изнесени сите произлезени резултати. Во рамките на горе наведениот проект Агенцијата за остварување на правата на заедниците организаираше караван за промоција на истражувањето во неколку општини во Р.Северна Македонија, како во админстрација на општините, така и со невладините организации од следниве општини:

  • Град Скопје
  • Општина Куманово
  • Општина Струмица
  • Општина Битола
  • Општина Охрид
  • Општина Гостивар
  • Општина Велес
  • Општина Штип
  • Општина Ресен