Во просториите на Агенција за oстварување на правата на заедниците одржавме работен состанок со Г-дин Абаз Селмани координатор за имплементација на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија и Г-дин Јаше Сефер национален координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики на немнозинските заедници во Владата на Република Северна Македонија.
Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-дин Далибор Китановиќ зборуваше за досегашната работа и идните активности. Меѓудругото кажа дека, меѓуинституционалната соработка е многу важен процес за искористување на различните предности преку размена на искуства и информации кои се од заеднички интерес за помалубројните заедници за да се постигнат стратешките цели. Ваквата соработка обезбедува можности за развој на институционалните капацитети.
Целта на овој заеднички работен состанок беше дизајнирање на формула од заеднички интерес за соработка и делување во однос на имплементација на усвоените владини стратегии и политики. Исто така се разменија идеи и искуства кој ќе бидат предизвик за идна соработка. .
