АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Работилница и дискусија на тема “Остварувањето на граѓанските права и заштита од дискриминација”во Куманово

Работиме во насока на градење на меѓусебна доверба и толеранција бидејќи само така можеме да напредуваме како општество и држава.


Во Куманово, Агенција за oстварување на правата на заедниците  во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поддржани од проектот “Борба против омразата и нетолеранцијата” на Советот на Европа и Европска унија организиравме работилница и дискусија на тема  “Остварувањето на граѓанските права и заштита од дискриминација”.


Оваа втора по ред работилница ја организиравме во Занаетчиски дом, каде што присутвуваа Претседателката на Советот на Општина Куманово Г-ѓа Ивана Ѓорѓиевска, потпретседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Г-ѓа Флора Кадриу како, претставничката од Совет на Европа Г-ѓа Марија Андреева, раководителот на секторот за култура Г-дин Александар Крстевски како раководителот на секторот за образование во општина Куманово Александар Јовановиќ.


Целта на ваквите дискусии и работилници е да се приближи нашата работа на граѓаните и претставниците од локалните заедници и локалните самоуправи како и да им се претстават различните механизми за заштита на нивните права и заштита од дискриминација.