Денеска во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, директорот г-дин Далибор Китановиќ оствари работна средба со координаторот во Владата задолжен за креирање и следење на националните стратегии и политики за немнозинските заедници во Република Северна Македонија, г-дин Ерџан Демир.
На средбата се разговараше за унапредување на правата на немнозинските заедници, зајакнување на институционалната соработка и креирање поефикасни механизми за поддршка и инклузија.
Соговорниците ја истакнаа важноста од континуирана координација и заедничко делување во насока на градење поинклузивно, правично и еднакво општество за сите граѓани.
АОПЗ останува посветена на промовирање на еднаквоста, мултикултурализмот и заштитата на правата на сите заедници во државата.