На 28.07.2022 год во просториите на АОПЗ беше реализирана работна средба помеѓу заменик директорот Џелал Хоџиќ и Н.Е Милаим Фетаи, Амбасадор на Република Северна Македонија во Република Хрватска. На покана на Хоџиќ, на состанокот присуствуваше и Ненад Живковиќ, вработен во АОПЗ.

На средбата заменик директорот Хоџиќ го информираше амбасадорот Фетаи за активностите кои ги спроведува АОПЗ со посебен осврт на хрватската заедница во РСМ. Беше нагласено дека АОПЗ и хрватската заедница во РСМ имаат одлична сорабтка, хрватската заедница во неколку наврати беше финансиски потпомогната за реализацијата на проектите кои се од нејзин интерес.

Амбасадорот Фетаи го информираше Хоџиќ за реализираните активности во изминатиот период и искажа спремност за понатамошна соработка.