На 22.07.2022 год во просториите на АОПЗ беше реализирана работна средба помеѓу заменик директорот Џелал Хоџиќ и делегација предводена од Александар Урбановиќ, претседателот на здружението на Ураинците во РСМ Лесја Украинка, Тамила Велковска потпретседател на Здружението „Лесја Украинка“,како и Володимир Вербитскиј – трет секретар во Амбасадата на Р.Украина во РСМ. На покана на Хоџиќ, на состанокот присуствуваа и Ненад Живковиќ, вработен во АОПЗ, како и Јасмин Реџепи, од НВО “ЛЕГИС“.

На средбата присутните го информираа Хоџиќ за активностите на Здружението посебно во делот на помошта која се пружа на бегалците од Украина како и проблемите со кои се соочуваат на терен.

Заменик Директорот Џелал Хоџиќ се заблагодари на доставените информации и вооедно ги информираше пристните кои проекти се реализирани во изминатиот период во АОПЗ како и за идните планови на АОПЗ. Хоџиќ ја истакна отвореноста на АОПЗ за помош во рамките на можностите за укранинската заедница која живее во РСМ како и за бегалците кои доаѓаат од Р.Укранина.  На состанокот е договорена понатамошна интензивна сорабтка со Украинското здружение „Лесја Украинка„.