Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ, во име на Агенцијата за остварување на права на заедниците (АОПЗ) имаа работен состанок со Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
Илхан Рахман зборуваше за мисијата и визијата на АОПЗ, а Џелал Хоџиќ побара поддршка од Вицепремиерот во процесот на зајакнување на капацитетите на АОПЗ.
Вицепремиерот вети поддршка на АОПЗ во зајакнувањето на нејзините капацитети, како и во следењето на процесот на остварувањето на правата на заедниците под 20%, за кој оцени дека е важен за интеграцијата на Македонија во ЕУ.
Вицепремиерот и директорите на АОПЗ заклучија дека подобра координација помеѓу овие две институции ќе даде подобри резултати во остварувањето на правата на заедниците под 20%.