Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Илхан Рахман и заменик директорот Џелал Хоџиќ остварија работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Самуел Жбогар. На средбата се разговараше за активностите на АОПЗ, институционалната положба и новиот предлог закон по кој работи Агенцијата. На состанокот посебен осврт беше даден на активностите од проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заедниците“, кој АОПЗ го доби од Европската Унија и неговата реализација ќе трае до средината на 2020 година.

 

Директорот Рахман ја потенцираше важноста на поддршката која АОПЗ ја добива од ЕУ, додека заменик директорот Хоџиќ кажа дека гледа шанса за суштинско подобрување на правата на помалубројните заедници во претстојниот преговарачки процес на нашата држава со ЕУ. Амбасадорот Жбогар изрази задоволство за досегашната соработка и покажа спремност за понатамошна поддршка на АОПЗ.