Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) М-р Еран Куртиш и заменик директорот Џелал Хоџиќ остварија работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски. На средбата се разговараше за активностите на АОПЗ, институционалната положба на помалубројните заедници и потребата за успешен попис на населението.

Директорот Куртиш ги презентираше активностите на АОПЗ, додека заменик директорот Хоџиќ кажа дека престојниот попис е многу важен за помалубројните заедници и резултатите од него, со цел креирање политики за помалубројните заедници. Претседателот Пендаровски изрази поддршка за досегашните активностите на АОПЗ и покажа спремност за понатамошна поддршка и соработка во идните активности.