АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

,,Регионална конференција за малцински прашања на земјите од Југо-источна Европа” – Совет на Европа

Во организација на Советот на Европа се одржа тродневна (27-29 јуни) Регионална конференција за малцинските прашања на земјите од Југо-источна Европа во Будва, Р.Црна Гора.
На неа беа презентирани три регионални програми кои во наредните три години ќе бидат финансирани со средствата од ЕУ фондовите ,а тие се:

  • Најдобри практики во интеграција на Ромите
  • Промоција на човековите права и заштита на малцинствата вo  Југо-источна Европа
  • Регионална иницијатива за инклузивно образование

Активностите за инплементирање на овие програми треба да отпочнат во текот на оваа година.На оваа Регионална конференција учествуваа и претставници од Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
[one_half last=”no” class=”arhiva” id=””]sovetNaevropa[/one_half]
[one_half last=”no” class=”arhiva” id=””]sovetNaevropa1[/one_half]