Директорот на АОПЗ, г-дин Еран Куртиш, е дел од делегацијата на Владата, предводена од премиерот Ковачевски, која денес, во Брисел, одржа историски важна, прва меѓувладина конференција и со тоа официјално ги отвори преговорите со ЕУ, се со цел рамноправно членство на Република Северна Македонија во Европската унија. 


Во изминатиот период АОПЗ со своите активности ги афирмираше правата на помалкубројните заедници, а успешно го реализираше и европскиот проект “Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците” во износ од 288.000€, преку кој ги зајакна своите капацитети, ја подигна видливоста, се вмрежи со другите релевантни чинители кои работат на темата за правата на помалкубројните заедници и почна континуирано да му дава поддршка на критичкиот невладин сектор на помалкубројните заедници. 


АОПЗ е позната и по Партиципативниот форум, каде со поддршка на ОБСЕ, го организира и одржува дијалогот помеѓу критичкиот невладин сектор на помалкубројните заедници и преставниците на релевантни институции, на теми важни за помалкубројните заедници.


Агенцијата за остварување на правата на помалкубројните заедници ќе продолжи институционално да се грижи за помалкубројните заедници и да работи согласно стратешките интереси на Република Северна Македонија.