Раководните лица од Агенијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа на Семинар за раководство за централна и локална власт во Хотелот Александар Палас во Скопје.Овој семинар е потпомогнат од страна на ЦССПројект за Интегративна Медијација (ЦССП) во соработка со УНДП., Овој семинар се фокусираше на зајакнување на меѓукултурната комуникација, иновативно решавање на проблемите, и раководствените вештини како и работата со предизвици на интеретничкиот дијалог.Семинарот ја поддржа експертизата за градење на мирот преку идентификација и зајакнување на правата на задниците и на системите на односи меѓу заедиците. Вкупната цел на семинарот беше да се зајакне локалното и државното ниво во негувањето и зајакнувањето на врските помеѓу нив, размена на знаењата за мониторингот и знаењата воопшто за правата на заедниците и справувањето со различностите.