АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Состанок со делегација на Совет на Европа

Денеска во нашите простории оддржавме многу значаен и конструктивен состанок со делегација на Совет на Европа предводена од страна на раководителот на програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје Г-дин Олег Солдатов. 

На состанокот беше договорено блиска соработка и вклучување на Агенцијата во неколку проекти и активности кои ги води Советот на Европа кои се во насока на подобрување на состојбата на помалубројните заедници во Р.С. Македонија.