Даница е проект кој во организација на Српска заедница во Македонија трае од 2010 година со единствена цел очувување на културен, јазички и национален идентитет кај помладата популација на припадниците на српската етничка заедница. Проектот се реализира по пат на работилници, факултативна настава, јавни часови и јавни настапи, согласно материјалните можности што здружението ги обезбедува по пат на конкурси, донации, волонтеризам и соработка со други здруженија.

 

Во рамките на проектот  подготвено е списанието ДАНИЦА. Додека на работилниците присуствувале 130 учесника.

 

Во списанието ДАНИЦА се застапени текстови од најмладите учесници во проектот Даница, а списанието се печати во тираж од 500 примероци и ќе биде дистрибуиран до сите учесници во проектот, како и до здруженијата што имаат активности поврзани со младата популација.

 

Активноста е реализирана во рамките на првиот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 12.05.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.