АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Студенти од Универзитетот „Мајка Тереза“ во посета на АОПЗ

Денеска имавме чест и задоволство во Агенцијата за остварување на правата на заедниците да ги угостиме студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје, предводени од продеканката г-ѓа Дренуша Камбери, во рамки на теренска настава по предметите од студиските програми Правни студии и Криминалистика.

Студентите имаа можност непосредно да се запознаат со работата, надлежностите и улогата на Агенцијата во заштитата и унапредувањето на правата на заедниците, како и со институционалните механизми за градење интегрирано, демократско и инклузивно општество.

Во рамки на посетата беше реализирана и интерактивна дискусија за значењето на човековите права, еднаквите можности и улогата на институциите во процесот на зајакнување на мултикултурниот соживот и европските вредности.

Ваквите активности претставуваат значаен чекор кон продлабочување на соработката помеѓу институциите и академската заедница, како и поттик за младите активно да се вклучат во процесите поврзани со владеењето на правото, човековите права и општествената еднаквост.