Честит Национален ден на Власите во Република Северна Македонија
Агенцијата за остварување на правата на заедниците упатува искрени честитки по повод Националниот ден на Власите до сите припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Овој значаен ден претставува симбол на богатата култура, традиција, јазик и историско наследство на влашката заедница, која со векови претставува нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик на нашето општество. Преку својата посветеност, вредности и придонес во општествениот, културниот и економскиот живот, Власите оставаат значајна трага во развојот и унапредувањето на државата.
Нека овој празник биде поттик за зачувување и негување на влашкиот идентитет, традиции и јазик, како и за понатамошно унапредување на меѓусебната почит, толеранција и соживот меѓу сите заедници во Република Северна Македонија.
Во духот на еднаквоста и заедништвото, Агенцијата останува посветена на заштитата и унапредувањето на правата на сите заедници и на градење општество во кое различностите се почитуваат и претставуваат заедничка вредност.
Честит празник!