за поднесување предлог проекти за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Врз основа на членот 49 од Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2010, 135/2011 и 55/2016) и врз основа на член 27 од Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија (“Службен весник на РСМ” бр. 18/20), Агенцијата за остварување на правата на заедниците (во понатамошниот текст: Агенцијата) објавува

Јавен повик

за поднесување предлог проекти за финансиска поддршка на здруженија и фондации

                Распределбата на средствата ќе се врши согласно Одлуката за користење на средствата од Фондот на финансиски средства на Агенцијата за остварување на правата на заедниците бр.0802-65/1 од 25.02.2021 година, Правилникот за постапката и условите за финансирање на здруженија и фондации од страна на Агенцијата бр.0802-65/2 од 25.02.2021 година, и Програмата на Агенцијата за остварување на правата на заедниците за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите бр.0802-65/3 од 25.02.2021 година.

1. Краток опис на програмата и видот на проектите кои ќе бидат поддржани

                Програмата за финансиска поддршка на Агенцијата за остварување на правата на заедницата има за цел јакнење на организациските и институционални капацитети на здруженијата и фондациите припадници на заедниците.

Средствата од фондот можат да ги користат здруженијата и фондациите формирани согласно со закон, ако согласно со статутот на здружението или фондацијата како цел и задачи е определено вршење работи поврзани со остварувањето, унапредувањето и заштитата на правата на припадниците на заедниците и промоција на меѓуетничките односи и општествената кохезија

                Областите од фокус на програмата се образование и наука, култура, вработување, информативна дејност и иницирање и развивање меѓународна соработка.

                Од голема важност е проектите да поттикнуваат вмрежување и соработка и заштита и унапредување на малцинските права во насока на реализирање на целите на програмата.

                Финансиските средства ќе бидат доделени за проектни активности кои придонесуваат кон:

  • унапредување и заштита на правото на образование на јазиците на заедниците;
  • промовирање и заштита на културното наследство на припадниците на заедниците;
  • унапредување на принципот на соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците;
  • унапредување на правата за информирање (информативнана дејност) на мајчин јазик на заедниците;
  • соработка и координација со меѓународни организации на полето на заштита и унапредување на малцинските права.

2. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства

                Вкупниот буџет на Програмата е 2.000.000,00 денари. Поддршката се однесува на периодот март – декември 2021 година, во максимален износ од 150,000.00 денари по грант. Од нив, Агенцијата ќе учествува со 90%, а организацијата треба да го обезбеди остатокот од вкупниот буџет.

3. Основни организациски услови

Основни организациски услови кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:

  • Да се регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации;
  • Да спроведуваат активности во сферата на човековите права и правата на припадниците на заедниците, меѓуетничките односи и општествена кохезија во период од најмалку две години и
  • Да не добиле средcтва или поднеле пријава од/до друг државен орган или од други извори за иста намена, што би значело двојно финансирање на истите активности од други извори.

4. Посебни програмски услови 

                Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите, а врз основа на кои ќе се направи проценка на квалитетот на поднесените проекти се:

  1. Организациска структура и ресурси

1.1  Дали здружението или фондацијата има потребна организациска структура и човечки ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери, хонорарно ангажирани лица)

1.2 Дали здружението или фондацијата располага со канцелариски простор (доколку е неопходен) и техничка опрема за спроведување на проектот

1.3 Дали годишниот буџет на здружението или фондацијата за последната календарска година ја надминува висината на средствата кои се побаруваат

  1. Мрежно работење и соработка

2.1 Дали здружението или фондацијата во последните две години реализирале проекти во соработка со други граѓански организации или органи на државната управа

  1. Квалитет на проектот

3.1  Колку општата цел на проектот ќе придонесе кон реализација на дадената приоритетна цел

3.2  Дали целта на проектот е јасно определена

3.3  Дали целната група е соодветно определена

3.4 Дали спроведувањето на активностите доведуваат до остварување на предвидените резултати во проектот

3.5  Дали планот за спроведување на активностите е јасен и остварлив

3.6 Дали предложениот финансиски план е реален (описот на трошоци по категории и позиции соодветствува на пазарните цени).

5. Постапка за пријавување на огласот

                За пријавување на огласот здруженијата и фондации потребно е да ги достават следните документи:

  • Пријава за финансиска поддршка (која треба да биде компјутерски пополнета со кирилични печатни букви , потпишана од застапникот на организацијата и заверена со печат на организацијата);
  • Предлог-проект;
  • Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата;
  • Доказ за реализирани активности во сферата на човековите права и правата на припадниците на заедниците и меѓуетничките односи во период од најмалку две години;
  • Програма за реализација на остварувањето, унапредувањето и заштитата на правата на припадниците на заедниците од областа на образованието, науката, културата, информативната дејност, вработувањето, како и за прмоција на меѓуетничките односи и општествената кохезија;
  • Акционен план и буџет кој се побарува за реализација на активностите предвидени со проектот;
  • Извештај за добиените средства до фондот во изминатата фискална година и за начинот на нивната реализација;
  • Годишен извештај и завршна сметка на здружението или фондацијата за претходната година и
  • Уверение за платени даноци издадено од даночните органи

Напомена: Пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат

6. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е до 15 март 2021 година.

Прашања за појаснување може да се поставуваат до 10 март 2021 година. Прашањата и одговорите ќе бидат достапни на веб страницата на Агенцијатаwww.aopz.gov.mk.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави заклучно со 15 март 2021 година до 15:00 часот, преку пошта, на адреса ул. Филип II Македонски бр.11, 1000 Скопје.

Напомена: Пријавите кои ќе пристигнат по предвидениот рок за доставување нема да се разгледуваат!

Пријавените здруженија и фондации на огласот ќе бидат известени за резултатите најдоцна до 21 април  2021 година.

Рокот за жалба (поведување управен спор) по однос на одлуката на Комисијата за доделување на финансиски средства од фондот формирана од страна на Агенцијата за незадоволните пријавени здруженија и фондации е 15 дена од денот на известувањето од страна на Агенцијата.

Пријавата за учество и сите потребни формулари се достапни на веб-страницата на Агенцијата www.aopz.gov.mk.

Лице за контакт:

Далибор Китановиќ

e-mail: daliborkitanovic@aopz.gov.mk;

               contact@aopz.gov.mk