Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор,  се одржа тркалезната маса на тема: „Важноста на Охридскиот договор за помалубројните заедници“, во организација на Агенцијата за Остварување на правата на заедниците во соработка со Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.

 

 

       На почетокот на тркалезната маса свои поздравни обраќања имаа Артан Груби, Прв Вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Џефри Голдстин, вршител на должност шеф на Мисија на ОБСЕ во Скопје како и Еран Куртиш, директор на АОПЗ. Модератор на трибинате беше Заменикот директор на АОПЗ Г-дин Џелал Хоџиќ.

            Тркалезната маса ја отвори Директорот на АОПЗ Г  Еран Куртиш кој истакна дека имаме чест како Агенција да учествуваме во обележувањето на 20 години од потпишувањето на еден од најзначајните договори во поновата историја на РСМ потпишување на охридскиот рамковен договор.

            За важноста на Рамковниот договор тој кажа:

    „Овој договор стави крај на меѓу етничките тензии каде заедниците во Македонија беа маргинализирани. Овој договор ни ги отвори портите кон пристапување и асоцијација во Европската Унија и НАТО, денес 20 години од потпишувањето од овој договор сме членка на нато и градиме систем каде помалубројните заедници си го наоѓаат своето место во оваа држава. Ние можеби изгубивме 20 години за разлика од развиените држави и демократии но полека го достигнуваме чекорот и ги исправаме неправдите од минатото, кои ќе ни обезбедат светла иднина и просперитет. Придобивките за сите нас, сите заедници од охридскиот договор се видливи но имаме уште долг пат кој треба да се изоди и да се најдат решенија пред се за припадниците за помалкубројните заедници. Охридскиот рамковен договор не е договор помеѓу македонците и албанците со кој се заврши внатрешниот конфликт туку е договор за унапредување и интеграција на сите заедници кои живееат во РСМ. Во наредниот период фокусот и работата мора да ни биде усмерен кон сузбивање на тој стереотип и дека тој договор обезбеди права за сите заедници кои живеаат во оваа држава.“

Во вториот дел од тркалезната маса свои обраќања имаа и:

  • Илхан Рахман, заменик Министер во Министерството за политички систем;
  •  Ѓунер Исмаил, поранешен министер за култура;
  • Енес Ибрахим, актуелен Пратеник во Собрание на РСМ;
  • Д-р Рубин Земон, Координатор на подготовка на Националната Стратегија за развој на концептот на Едно општество и интеркултурализам;
  • Изета Бабачиќ, автор на учебници за настава на босански јазик;
  • Јана Михалова, уредник на редакција на влашки јазик;
  • Дениз Селмани, Институт Ромалитико .
  • Биљана Тодоровиќ Георгиевска, новинарка

На настанот присуства голем број на медиуми, а беше обезбеден streaming на социјалните мрежи и you toube каналите на АОПЗ и Мин.за политички систем и односи помеѓу заедниците. Поради пандемијата со COVID 19 настанот беше организиран без публика.

05.08.2021