Агенција за остварување на правата на заедниците активно учествуваше во организацијата и спроведувањето на пописот кој беше одржан минатата година после 20 години. 


Како Агенција ги преведовме сите пописни документи на јазиците на заедниците, организиравме активна кампања за да ги мотивираме припадниците на заедниците да се попишат. Исто така имавме чест да организираме “Тркалезна маса” на тема Попис 2021 на која учествуваа голем број на невладини организации како и Директорот на завод за статистика Апостол Симовски.


По тој повод Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш во име на Агенцијата имаше чест да прими Благодарницата од Државниот завод за статистика. Како рече Директорот на завод за Статистика “Немерлив е доприносот на АОПЗ за успешно реализираниот Попис 2021 год”.Да бидеш дел од една статистичка операција која се реализира после 20 години е вистински предизвик. Голема благодарност до Заводот за статистика.