АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Обука на тема: Малцински права: набљудување, анализа и известување

Во рамките на Проектот ,,Програма за градење на капацитетите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците”, одржана е тродневна работилница (17-19 октомври) во х.Арка во Скопје, наменета за граѓанските зруженија од заедниците на тема Малцински права: набљудување, анализа и известување.Работилницата беше организирана од страна на Агенцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на работилницата беше стекнување на знаења на граѓанските организации од заедниците и вработените во Агенцијата преку предавање и практични вежби со Меѓународните стандарди за набљудување и известување за малцинствата, проектно планирње, пишување на SMART Извештаи, подготовка на сумарен извештај итн. Предавач на работилницата беше експертот за човекови и малцински права д-р Алан Филипс.
[one_half last=”no” class=”arhiva” id=””]pic9[/one_half]
[one_half last=”no” class=”arhiva” id=””]pic10[/one_half]
[one_half last=”no” class=”arhiva” id=””]pic11[/one_half]
[one_half last=”no” class=”arhiva” id=””]pic12[/one_half]