АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Партиципативен форум на тема: “Поддршка на Министерството за култура во остварувањето и унапредувањето на културните права на заедниците”

На ден 31.05.2018 година во хотел Арка, Скопје Агенцијата за остварување на правата на заедниците со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје одржа Партиципативен форум на тема:

 

“Поддршка на Министерството за култура во остварувањето и унапредувањето на културните права на заедниците”

 

Со поздравен говор, а воедно и отварањето на форумот на членовите се обратија Заменик министерот за култура г-дин Владимир Лазовски , директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците г- дин Илхан Рахман  и г-ѓа Сара Барбиери, виш офицер за општествена кохезијаод Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

За улогата на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во процесот на поддршка на НВО на заедниците во областа на културата зборуваше г-дин Менфи Илијаз, директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците.

 

За потребата од нов модел на финансирањена проекти на невладини организации од заедниците  зборуваше г-дин Петрит Сарачини, советник за кулура во Минисреството за култура.

 

Модератор на партиципативниот форум беше г-дин Џелал Хоџиќ- в.д. заменик директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

 

На препораките и заклучоците од партиципативниот форум се работи и истите дополнително ке бидат објавени на веб страницата на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.