АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Во Агенцијата за остварување на правта на заедниците (АОПЗ) директорот Илхан Рахман и заменик-директорот Џелал Хоџиќ се сретнаа со претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводени од амбасадорот Клеменс Која, кој е шеф на мисијата на ОБСЕ.

 

На средбата беше разговарано на повеќе теми важни за заедниците под 20% од населението, како и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат. Посебен акцент беше ставен на тековните и идните активности на АОПЗ.

 

Во разговорот потенцирана беше и досегашната успешна соработка, како и поддршката која Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува да и ја дава на АОПЗ.

                                                                                                                                                                                                                                    Скопје

06.12.2018