АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Роберт Алаѓозовски во посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Во Агенцијата за остварување на правта на заедниците (АОПЗ) директорот Еран Куртиш и заменик-директорот Џелал Хоџиќ се сретнаа со Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

 

На средбата беше разговарано за тековните и идните активности на АОПЗ. Посебен акцент беше ставен на правата на помалубројните заедници во следните области: правична застапеност, образование на мајчин јазик, култура, употреба на јазици и симболи и медиумите на јазиците на заедниците.

 

Дополнително се разговараше за важноста од имплементацијата на стратегијата “Едно општество за сите“.  Национален координатор Алаѓозовски ја поздрави работата на АОПЗ и се разговараше за идните заеднички чекори во подобрување на правата на помалубројните заедници.

 

 

Скопје

  28.04.2021