АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Препораки од Партиципативен форум од 22.10.2024 година

На ден 22.10.2024 година во хотел Арка,Скопје се одржа Партиципативен форум на тема:

“Анализа за функционалноста, ефективноста и постигнувањата на Партиципативниот форум”

Се донесоа следните препораки:

  • Измена и дополунавање на методологијата за работа на Партиципативниот форум, односно повторно воспоставување – обновување на постоечкиот секретаријат за работа на Партиципативниот форум
  • Ажурирање на членовите/заменик членовите на Партиципативниот форум на секои 2 години
  • Заклучоците и препораките од форумот да бидат објавени на веб страницата на Агенцијата за остварување на правата на заедниците
  • Вклучување на нови здруженија на граѓани во работата на Партиципативниот форум
  • Зголемување на видливоста на Партиципативниот форум (да се брифираат медиумите за работата на партиципативниот форум)