Имавме чест да присуствуваме на јавна презентација од истражувањето на тема”Учество на Жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во РСМ”, која се одржа денеска во хотел Александар Палас.
Истражувањето го спроведе институтот за демократија.
На отварањето на јавната презентација се обратија д-е Сузан Пенска – в.д.шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје како и
Весна Бендевска – Пратеничка во собранието на РСМ.
Истражувањето го презентираше Александра Јовевска Ѓорѓевиќ – експерт од Институт за демократија “ Социетас Цивилис” -Скопје.
Во едно се одржа и панел дискусија со наслов “Двојните предизвици со кои се соочуваат жените од не мнозинските заедници: Како до поголемо учество во политиката?”




