АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Состанок на директорот на АОПЗ Далибор Китановиќ и дел од вработените со г-ѓата Марија Андреева, проектен координатор во Канцеларијата на Совет на Европа во Република Северна Македонија и г-динот Лимко Бејзароски – Претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во просториите на нашата Агенција започнавме план на активности во рамка на проектот “Борба против омразата и нетолеранцијата”, дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција”.


Сите активнисти и работилници во рамките на овој проект ќе ги реализираме во неколку општини на локално ниво. Во период што следи не очекува динамична теренска работа.


На состанокот присуствуваа г-ѓата Марија Андреева, проектен координатор во Канцеларијата на Совет на Европа во Република Северна Македонија и г-динот Лимко Бејзароски – Претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.