Директорот на Аопз Далибор Китановиќ учествуваше во дебатната емисија на Тв.21 на тема состојбата на помалубројните етнички заедници со Претседателот на комисијата за спречување и заштита од дискриминација Г-динот Лимко Бајзароски.
Во емисијата се зборуваше на повеќе теми кои ги таргетираат помалубројните заедници како што е дескриминацијата, соодветната и правична застапеност, проблемите во образованието и така натаму.
Заеднички впечаток е дека вакви дебати се потребни и пожелни со цел да се актуелизираат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат помалубројните етнички заедници во Македонија.
Директорот на Аопз учествуваше во емисија на ТВ.21