АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Посета на Амбасада на Шведска од страна на претставници на Аопз

Работен состанок со заменик амбасадорот на Кралството Шведска Биби Грамсон во Македонија 🇲🇰🇸🇪
Претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја посетија Амбасадата на Шведска, каде што се одржа состанок со Заменик Амбасадорот на Шведска. На средбата се разговараше за работата на агенцијата, како и за проектите и ангажманот на Амбасадата на Шведска во Северна  Македонија.
Директорот на агенцијата, Далибор Китановиќ, ги претстави тековните активности и иницијативи насочени кон унапредување на правата на заедниците. Во рамките на разговорот беа разменети идеи за можности за соработка и поддршка во областа на инклузијата на младите , човековите права и локалниот развој.
Оваа средба претставува значаен чекор во зајакнувањето на врските меѓу нашата агенција и меѓународните партнери, со цел заеднички да се работи на подобрување на условите за сите заедници во земјата.