АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Работна посета на општина Студеничани.

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ заедно со претставници од АОПЗ оствари работна посета на општина Студеничани. На состанокот со Градоначалникот Азем Садики, детално се разговараше за клучните предизвици со кои се соочува општината, особено во делот на основното образование, немањето на доволен број на наставен кадар по стручните предмети, социјалните услуги и други прашања кои се од витално значање за жителите од оваа општина.

 Градоначалникот Садики, изрази желба за взаемна соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците, посебен акцент беше ставен за решавање на прашањата што ги засегаат помалубројните етнички заедници. Се договоривме следната средба да биде работен состанок на кој ќе учествуваат советниците од општината како и претставници на невладините организации.
 Ова посета е дел од планираната активност на Агенција за oстварување на правата на заедниците работа на терен, со единствена цел да направиме анализа и да собереме релевантни информации за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат помалубројните заедници налокално ниво и заедно со општините и релевантните институции да допринесеме за решавање на проблемите.