АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

На официјален состанок со Националниот координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики на немнозинските заедници

Во Влада на Република Северна Македонија  остваривме средба и официјален состанок со новоназначениот Националниот координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики на немнозинските заедници во Македонија Г-динот Јаше Сефер. 


На средбата чија цел беше воспоставување на идна соработка  се дискутираше за досегашната работа на Агенцијата,  идните активности и генерално за состојбите во областа на остварувањето на правата на заедниците. 


Успешен состанок на кој беше заклучено дека е потребна поблиска меѓусебна координација и соработка бидејќи Агенција за oстварување на правата на заедниците има долгогодишно искуство во однос предизвиците и проблемите со кои се соочуваат немнозинските заедници.