Aгенција за oстварување на правата на заедниците во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поддржани од проектот “Борба против омразата и нетолеранцијата” на Советот на Европа и Европска унија организиравме работилница и дискусија на тема “Остварувањето на граѓанските права и заштита од дискриминација”.
Оваа работилницата се оддржа во Прилеп во хотел “Кристал Палас” каде што присутвуваа Градоначалнилот на Прилеп Г-дин Борче Јовчевски, Градоначалникот на Крушево Г-дин Томе Христовски, потпретседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Г-ѓа Флора Кадриу како и претставничката од Совет на Европа Г-ѓа Марија Андреева.
Голема чест ни направи големата заинтересираност за оваа работилница но и присуство на представници на помалубројните заедници не само од Прилеп туку и од Крушево, Долнени и Кривогаштани.
Целта на ваквите дискусии и работилници е да се приближи нашата работа на граѓаните и претставниците од локалните заедници и локалните самоуправи како и да им се претстават различните механизми за заштита на нивните права и заштита од дискриминација.
Ваквите работилници и дискусии наскоро продолжуваат во Куманово и Кичево.











