АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Работен состанок со делегација од Влада на Р. Црна Гора

Bо нашата  Агенција за oстварување на правата на заедниците остваривме работен состанок со делегација од Влада на Р. Црна Гора која е во официјална посета на Р.Македонија чиј домаќин е Г-динот Абаз Селмани координаторот за имплементацијата на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија.


На оваа работна средба делегацијата составена од г-ѓа Људмила Поповиќ- директор на Директоратот за интеркултурализам и г-дин Кристијан Дукај самостоен советник  ја презентираше работата на нивниот Директорат како новоформиран орган во состав на Министерството за човекови и малцински права на Р.Црна Гора. Акцент беше ставен на Стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2025-2028.
Целта на оваа средба е формирање на Меѓудржавна комисија за интеркултурализам помеѓу Р. Црна Гора И Р..Македонија, со тенденција за регионално проширување.


Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-дин Далибор Китановиќ  ги запозна  гостите со мандатот на Агенцијата, досегашната работа и идните активности  при што се задржа на улогата на институцијата во изготвувањето и спроведувањето на стратегии за интеркултурализам и општествена кохезија на Р. Македонија.


На состанокот беше договорена идна соработка помеѓу институциите како и учество на Агенцијата во Меѓудржавната комисија за интеркултурализам чиј носител е Владата на Р.Црна Гора.