АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Работилници и дискусии на тема “Остварувањето на граѓанските права и заштита од дискриминација” во Кичево

Продолживме со работилниците и дискусиите  на тема “Остварувањето на граѓанските права и заштита од дискриминација” поддржани од Советот на Еу.
Наш домаќин на денешната работилница беше Општина Кичево. Во рамките на оваа работилница која се одржа во хотел Кичево учествуваа граѓани и советници од самата општина Кичево, како и припадници на помалубројните заедници од Општина Пласница и општина Македонски брод.
Во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поддржани од проектот “Борба против омразата и нетолеранцијата” на Советот на Европа и Европска унија разговаравме на различни теми и предизвици со кои се соочуваат немнозинските заедници.
Целта на ваквите дискусии и работилници е да се приближи нашата работа на граѓаните и претставниците од локалните заедници и локалните самоуправи како и да им се претстават различните механизми за заштита на нивните права и заштита од дискриминација.
Оваа е трета работилница после одржаните работилници и дискусии во Куманово и Прилеп.
Интресот за овакви дискусии и работилници на локално ниво се покажа како значителен и потребен и затоа ние како Аопз ќе направиме напори да продолжиме со нив.