АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Партиципативен форум на тема “Улогата на помалубројните заедници во зајакнувањето на општествената кохезија”

Видливоста и значајот на помалубројните заедници е се поголем.
Агенција за oстварување на правата на заедниците во соработка со Советот на Европа и Европската унија организираше Партиципативен форум на тема “Улогата на помалубројните заедници во зајакнувањето на општествената кохезија” во  хотелот “Holiday Inn”.


Целта на Форумот како неформален и консултативен механизам е зајакнувањето на соработката, комуникацијата и доверебата на заедниците со органите на државната управа. Исто така овој Форум е вистинска можност за помалубројните заедници за отворање на дискусии и дебати каде што можат да ги актуелизираат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат.


На денешниот форум свое обраќање имаше Државниот секретар во Министерството за односи меѓу заедниците Владимир Стојановиќ, раководителот на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје Олег Солдатов, Националниот координаторот за интеркултурализам, развој на културата и меѓуресорска соработка Абаз Селмани, Националниот координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики на немнозинските заедници Јаше Сефер.


На овој важен настан за АОПЗ И за заедниците присуствуваа сите негови членови и претставници на невладините организации од заедниците а исто така запрвпат имаше и гости и тоа од канцеларијата на  делегација на Европската унија во Скопје, претставници од Амбасадите на Србија, на Шведска, Турција. Дел од овој форум беше и Претседателот на комисијата за спречување и заштита од дискриминација Лимко Бејзаровски како и Директорот на Управата за култура при Министерството за односи меѓу заедниците Исмаил Демировиќ.