АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Состанок со дел од претставници на невладините организации од помалубројните заедници, кои ќе бидат вклучени во организацијата и програмскиот дел на Мултикултурната манифестација.

Во АОПЗ одржавме работен состанок со дел од претставници на невладините организации од помалубројните заедници, кои ќе бидат вклучени во организацијата и програмскиот дел на Мултикултурната манифестација.


Оваа манифестација традиционално ја организираме по повод 10 декември – Денот на човековите права, под мотото „Различностите не зближуваат“.


Годинава настанот ќе се одржи во Кинотеката на Македонија, а по тој повод очекуваме почесна гостинка да ни биде Претседателката на државата, г-ѓа Гордана Сиљановска Давкова.