По повод Европскиот ден на правдата , Директорот на Агенција за oстварување на правата на заедниците имаше чест да учествува на настанот „Да ја приближиме правдата до граѓаните!“, организиран од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. Настанот се одржа во рамките на заедничките активности на Европската унија и Советот на Европа: „Кон солиден и поефикасен систем за слободна правна помош (СЛП) во Северна Македонија“ и „Спречување на омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“ .
Правдата, еднаквоста и достоинството се темелите на општество кое сака да напредува . Затоа продолжуваме со силна политичка волја, активно партнерство со граѓанскиот сектор и решителност да изградиме систем во кој ниту една одлука што се однесува на ранливите групи нема да се носи без нивно вистинско учество .
Во рамки на настанот беа прогласени добитниците на конкурсот за цртеж и есеј „Да ја приближиме правдата до граѓаните“, а најуспешните учесници добија заслужени признанија .


