Директорот на Агенција за oстварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ имаше чест да се обрати на третиот состанок на Управниот одбор на корисниците на програмата на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, кој се одржа во Скопје. Во неговото излагање ја истакнаа важноста од континуирана институционална поддршка, јакнење на довербата меѓу заедниците и реализација на реформите кои ги приближуваат европските стандарди кон нашето општество. 🇪🇺 & 🇲🇰
Со поддршка на луѓето, локалните заедници и институциите, Европската Унија и Советот на Европа силно ја поддржуваат Северна Македонија во унапредувањето на клучните судски реформи и зајакнувањето на заштитата на човековите права. Ова партнерство продолжува да го поттикнува одржливиот напредок на европскиот пат на земјата.
На состанокот беа презентирани главните достигнувања и приоритети на програмата, а Агенцијата за остварување на правата на заедниците активно ги сподели своите искуства и придонеси.
Меѓу учесниците беа и:
Клаус Нојкирх, директор на Директоратот за координација на програми во Советот на Европа
Кире Илиоски, амбасадор и директор за мултилатерални односи во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија
Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија
Заедно продолжуваме да градиме посилни институции и подобра заштита на правата на сите граѓани.



