Во хотел Хилтон, Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше свечен настан по повод 15 години од постоењето на Партиципативниот форум и 17 години од формирањето на Агенцијата .
Партиципативниот форум, чиј јубилеј денес со гордост го одбележавме , претставува една од најуспешните и најпрепознатливи неформални платформи за дијалог во државата . Во изминатите години, Форумот се наметна како пример за добра пракса не само на национално, туку и на регионално ниво , стремејќи се да прерасне во еден од клучните механизми за унапредување, остварување и заштита на правата на заедниците .
На настанот присуствуваа и се обратија Вицепремиерот и Министер за односи меѓу заедниците, г-дин Иван Стоилковиќ, како и Заменик шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-ѓа Сузан Пенкса . Присутни беа и Амбасадори, претставници на дипломатскиот кор, заменици министри, директори, претставници на институции, политички партии и граѓански организации, поранешни и сегашни пратеници, како и членови на Партиципативниот форум .
Настанот уште еднаш ја потврди важноста на дијалогот, довербата и партнерството во градењето инклузивни политики и општество во кое секој глас е слушнат и вреднуван .
















