АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ
НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

Директорот на АОПЗ јавно се заблагодаи на сите вработени, како и на сите досегашни директори и заменици директори

На овој исклучително значаен настан за нас (15.години Партиципативен форум и 17 години Аопз), полн со емоцоии, Директорот Далибор Китановиќ имаше прилика јавно да се  заблагодари на сите вработени, како и на сите досегашни директори и заменици директори – кои веќе 17 години тивко, посветено и професионално ја градеа довербата меѓу институциите и заедниците.  Благодарение на нивниот труд и посветеност, денес Агенцијата е препознатлива по стабилност, континуитет и стручен пристап.
Со особена чест денес додели благодарници за посебен придонес на две наши колешки, кои со својата исклучителна посветеност и професионализам оставија значаен белег во изминатиот период:
Ирена Оровчанец – за долгогодишна професионална посветеност, прецизност и поддршка во сите процеси;
Лејла Кардовик – за извонреден ангажман, организациска поддршка и континуирано придонесување кон развојот на институцијата.